АЛСАТ М ОБЈАВУВА

Еве што стои за Македонија во нацрт верзијата на заклучоците од Самитот на НАТО

Алсат-M дојде до нацрт-документот со заклучоците од Самитот на НАТО, кои се очекува да бидат формализирани во текот на овие два дена. Во него се вели:

"На нашиот Самит во Будимпешта во 2008 година, решивме дека НАТО ќе даде покана до поранешната југословенска Република Македонија да се приклучи на Алијансата откако ќе биде постигнато прифатливо решение за прашањето за името во рамки на Обединетите нации. Го поздравуваме историскиот договор меѓу Атина и Скопје за решавање на проблемот за името. Во согласност со нашата политика, решивме да ја поканиме владата во Скопје да започне воведни разговори за пристапување во Алијансата. Целосното спроведување на сите интерни процедури пропишани со почитување на договорот за решавање на спорот за името е предуслов за успешно завршување на прецесијата за пристап", стои во документот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари