Еве што одлучија Џафери и собранието за Груевски

На денешната координација кај собранискиот спикер координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието донеле одлука Никола Груевски повеќе да не се води како оправдано отсутен од собраниските седници.

Тоа значи дека неговата собраниска плата ќе се намалува за пет отсто на секои три отсуства од пленарните седници.

На средбата, како што пренесе МИА било договорено по изминувањето на шестте месеци неоправдано отсуство на Груевски, повторно да биде ставено на дневен ред одземањето на неговиот пратенички мандат.

Груевски според она што сам го објави е избеган во Унгарија и таму побарал политички азил а по него сега се трага со меѓународна потерница.

Поврзани

Најнови вести

Коментари