Еве го дневниот ред за Самитот на НАТО и финалето за Македонија

Лидерите на 29-те земји членки на НАТО, ќе се состанат во Брисел на 11 и 12 јули, со цел да донесат клучни одлуки со кои Алијансата ќе добие помодерна структура која во иднина ќе може на побрз начин да одговори на заканите, јавува Anadolu Agency (AA).

Со Самитот на НАТО ќе претседава Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Ова е третпат во рамките на својот мандат, Столтенгерг да претседава со Самитот на НАТО.

Лидерите на НАТО, во мај минатата година се собраа на „Состанокот на претседатели и премиери на земји членки на НАТО". Овој пат станува збор за редовниот Самит на лидерите на НАТО кој се одржува на секои две години. Во тие рамки, на Самитот се очекува да стане збор за тензиите меѓу САД и НАТО во последно време, особено на полето на трговијата, префрлувањето на Амбасадата на САД во Ерусалим (Кудс), едностраното излегување на САД од Договорот со Иран и од Климатскиот договор, и создавањето тензична состојба по состанокот на Г7.

Една од главните точки на дневниот ред е борбата со тероризмот

Дневниот ред на Самитот се состои од шест главни точки. „Зајакнување на одбраната и пожртвуваноста"; „Борба против тероризмот и проширување на стабилноста"; Зајакнување на соработката со ЕУ"; „Модернизација на НАТО"; „Покоректна поделба на одговорноста"; „Заеднички вредности и трансатланско единство" се насловите на главните шест точки, за кои се очекува лидерите на НАТО да донесат значајни одлуки за иднината на Алијансата.

Од големо значење за Турција е НАТО-сојузниците да покажат поголема солидарност, поради тоа што таа истовремено се бори и против терористичките организации, како што се ПКК-ЈПГ/ПЈД, ДХКП-Џ, ФЕТО, ДЕАШ.

На Самитот се очекува да се истакне дека борбата против тероризмот има клучна улога за безбедноста на членките на Алијансата. Во тие рамки, на Самитот треба да се разгледа на кој начин земјите членки на коалициските сили и НАТО со своите авиони за рано предупредување и набљудување (AWACS), можат да дадат поголем придонес во борбата против ДЕАШ.

Неодамна, сојузничките сили на НАТО, за потребите на Мисијата за стабилна поддршка во Авганистан, одлучија да испратат дополнителни 3.000 војници, со цел продолжување на поддршката за воспоставување стабилност во оваа земја.

Со цел во Ирак да не дојде до повторно појавување на ДЕАШ и слични терористички организации, во Ирак ќе започне мисија за обука. Во тие рамки, ќе се изврши обука на ирачките безбедносни сили и ќе бидат отворени воени академии и училишта.

Трамп ќе се фокусира на поделбата на одговорноста

Друга точка од дневниот ред на Самитот е поделбата на одговорноста. На Самитот во Варшава одржан пред две години, НАТО-сојузниците се договорија трошоците за одбраната да се зголемат на 2% од бруто-домашниот производ.

Тековните податоци покажуваат дека само 6 од 29-те земји членки на НАТО го исполниле договореното. Се смета дека на Самитот во Брисел, претседателот Трамп ќе се фокусира на трошоците на сојузниците во одбраната и ќе упати повик за нивно зголемување.

Пред Самитот на НАТО, Трамп испратил писмо до 9 сојузнички земји за зголемување на нивните трошоци во одбраната. Два дена пред Самитот во Брисел, Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја сподели пораката „САД придонесуваат во НАТО многу повеќе од сите сојузници. Тоа не е праведно и е неприфатливо."

По овие информации, се очекува критиките на Трамп упатени до сојузниците по прашањето за поделбата на одговорноста, да го одбележат Самитот во Брисел.

На тој начин, едно од генералните очекувања на Самитот е повикот за зголемување на трошоците во одбраната од страна на сојузниците.

Соработката НАТО - ЕУ

На Самитот се предвидува дека ќе се разгледаат деталите од Договорот за зголемување на меѓусебната соработка меѓу НАТО и ЕУ, потпишан еден ден пред Самиот од страна на претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Слична заедничка изјава во Варшава во 2016 година беше потпишана од лидерите учесници, а се предвидува со новата изјава да се зголеми соработката меѓу НАТО и ЕУ.

НАТО и ЕУ имаат 22 заеднички партнери. Неодамна, по одлуката на САД да воведат дополнителни царински давачки за земјите од ЕУ, дојде до заострување на односите меѓу ЕУ и САД. Постои мислење дека овие тензии би можеле да се одразат и врз односите НАТО - ЕУ.

Алијанса која ќе може да се бори против новите закани

Како главна цел на НАТО се дефинира: „Заштита на сојузниците и подготвеност против нови закани". Во тие рамки, Алијансата мора да биде подготвена против нови закани и потребно е приспособување на командната структура.

Во тој контекст, една од главните точки на дневниот ред на Самитот на лидерите на НАТО ќе биде заврстувањето на капацитетот за „одбрана и пожртвуваност".

Сојузниците ќе гласаат за Подготвителната иницијатива на НАТО, која предвидува зголемување на нивото на подготвеност на воената мобилност на силите на НАТО.

Благодарение на Подготвителната иницијатива на НАТО, 30 механизирани баталјони, 30 воздушни борбени ескадрили, 30 борбени бродови, треба да бидат подготвени за должност за 30 дена или за помалку.

На Самитот се предвидува гласање за формирање нов команден центар, во рамките на унапредување на Алијансата и модернизирање на командната структура на НАТО. Центарот би требало да служи за побрза реакција на силите во рамките на Европа и над Атлантикот.

Северноатлантската алијанса предвидува формирање и на една сајбер-безбедност, покрај воздухопловната, поморската и копнената безбедност. На Самитот за зголемување на сајбер-одбраната, ќе биде донесена одлука за формирање на „Центар за сајбер-операции".

Се очекува на Македонија да ѝ се додели покана за членство

На Самитот, во рамките на политиката за „Отворени врати", се очекува, по решавањето на сите проблеми со Грција, Македонија да добие официјална покана за започнување на преговорите за членство во НАТО.

Покрај Македонија и Босна и Херцеговина, членство во Алијансата сакаат Грузија и Украина.

Во овие рамки, генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, вториот ден од Самитот ќе се состане со претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили и со претседателот на Украина, Петро Порошенко. По овие средби, на Атлантскиот совет на НАТО, со лидерите на земјите членки ќе бидат разгледани состојбите во Грузија и Украина.

Акцент врз „трансатлантското единство"

Под светлото на тензиите меѓу ЕУ и САД, се очекува на Самитот на НАТО да се истакне важноста на трансатланските односи.

На Самитот ќе се посочи дека „Трансатланската алијанса 70 години помага во заштитата на граѓаните", и ќе се истакне дека соработката меѓу ЕУ и САД е многу поважна, наспроти постоечкото тестирање безбедност.

Со цел НАТО да ја исполни својата фунција, од клучно значење е заедништвото и солидарноста во Алијансата. Традиционално, донесените одлуки со одобрување од страна на 29-те земји членки, покажува на успешноста на Алијансата.

Во овие рамки, постои мислење дека за да може НАТО уште еднаш да ја испрати пораката на „единство", од клучен фактор ќе биде ставот што ќе го заземе претседателот на САД, Доналд Трамп.

Извор: Анадолија

Поврзани

Најнови вести

Коментари