Досега вакцинирани 1.079 деца со МРП вакцина

Министерството за здравство информира дека денеска до 19 часот вакцинирано е 21 дете со МРП вакцина, со што досега вакцинирани се вкупно 1079 деца.

Во моментов, нема нови потврдени случаи на новозаболени лица од морбили (мали сипаници).

Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца бидејќи, како што тврдат, МРП вакцината е висококвалитетна, а производител е компанијата GlaxoSmithKline од Белгија.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“, утре ќе работат прва смена од 07.30 до 13 часот.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари