Димитров по прекината средба кај претседателот: „Ќе не биде и покрај Иванов“

Министерот за надворешни работи Никола Димитров за „Дојче Веле" изјави дека „ќе нè биде... и покрај Иванов", откако претседателот Ѓорге Иванов утринава ја прекина средбата со Димитров и премиерот Зоран Заев, на која што требаше да го информираат за содржината на договорот со Грција за името. Димитров вели дека Иванов нема право да одлучува во името на граѓаните.

„Во клучни времиња за државата, сите носиме историска одговорност. Дадовме сѐ од себе да создадеме можност граѓаните да добијат право на избор. Без разлика на политичката цена, спремни сме да ја преземеме одговорноста. Никој нема право да го спречи тој избор. Никој нема право да одлучува во името на граѓаните. Ќе не биде... и покрај Иванов", изјави Димитров за „Дојче Веле".

Поврзани

Најнови вести

Коментари