Димитров: Го зачувавме идентитетот, а Македонија ја разграничивме од соседите

Го направивме невозможното, докажувајќи дека чудата се можни. Во тешки околности, го решивме најголемиот проблем од независноста, што Македонија упорно ја влечеше назад, напиша на својот „Фејсбук“ профил, министерот за надворешни работи, Никола Димитров по гласањето на уставните измени во македонското Собрание.

„Ја преземавме одговорноста на нашата генерација, да ја зацврстиме државата и да направиме услови за подобра и посигурна иднина за идните генерации. Го зачувавме најважното, македонскиот идентитет, а нашата Македонија ја разграничивме од нашите соседи. Ви благодарам на поддршката кога беше најтешко, на советите, но и на критиките. Горд сум на македонскиот народ, на нашите сограѓани Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други. Покажавме дека во нашата Македонија, живее идното, европско лице на Балканот. Кога сакаме, можеме. Сега засукани ракави, да си ја направиме европска во секоја смисла. Секој во своето. Ќе не’ биде“, вели Димитров во својот статус.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари