Димитров: Чуда се случуваат

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров вели дека би било чудо решение на спорот со името, дополнувајќи дека сепак чуда се случуваат. Пораката Димитров ја парти од панел-дебата во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија. Според шефот на македонската дипломатија би било трагично за земјата оваа година, која се смета за историска, да не почне преговори за членство.

И за земјата-претседавач со Унијата – Бугарија, императив е да се постигне договор за повеќедеценискиот спор.

„Не мислам дека луѓето од Западна Европа се исплашени од граѓаните на државите што сакаат да влезат во Унијата, туку се загрижени за тоа што ќе се случи кога ќе станат членки, дали ќе ги пренесат проблемите во ЕУ? Првата работа што треба да се направи е да покажеме дека можеме да ги решиме проблемите меѓу нас и да живееме во овој а не во минатиот век", изјави Екатерина Захариева- министерка за надворешни, Бугарија

Захариева дополни дека до 2025 година година, две балкански земји можат да станат дел од ЕУ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари