Делумно исчистен патот Маврово-Дебар, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на патот Маврово-Дебар, кој беше во прекин поради свлечиште, се одвива по една лента.

„Од 19 и 15 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, во близина на манастирот Св. Јован Бигорски, се одвива наизменично по една коловозна лента“, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи на снег со променлив интензитет има на целата територија на Македонија. Поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патниот правец Прилеп – Македонски Брод на планинскиот премин Барбарос, патен правец Струга – граничен премин Ќафасан, како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри, има на планинскиот премин Стража.

На патниот правец Ресен – Битола, преку планинскиот премин Буково, поради обилни врнежи од снег, сообраќајот за тешки товарни возила е отежнат.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари