Ципрас до Заев: Честитки пријателе Зоран Заев!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, го поздрави гласањето во македонскиот парламент и му честиташе на премиерот, Зоран Заев за гласањето со двотретинско мнозинство во Собранието за потреба од уставни измени кои произлегуваат од преспанскиот договор.

„Честитки пријателе Зоран Заев! Вечерашното гласање е важен чекор кон нашиот заднички успех. Важен чекор кон мирна и просперитетна иднина за нашите граѓани“, на Твитер напиша Ципрас.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари