Бушати: Албанските партии повторно се покажаа како одлучувачки фактор

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, преку својот профил на „Твитер“ го поздрави усвојувањето на уставните измени изгласани од Собранието. Тој напиша дека со изгласувањето на земјата и се отвора патот кон членството во ЕУ и во НАТО.

Според него, придонесот на албанските политички партии во Македонија повторно се покажал како одлучувачки фактор, а гласањето на преспанскиот договор претставува потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари