БУГАРСКИ МЕДИУМИ: Заев се извини за коментарите за Илинденското востание

„Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание", е делот од објавата на Зоран Заев на неговата официјална ФБ страница, кој според бугарските медиуми претставува извинување на Заев за изјавата од завчера кога на МТВ кажал дека Илинденското востание е македонско.

Оваа изјава за Илинден предизвика вистинска бура во Бугарија, а бугарскиот премиер Борисов порача дека ќе си припомни на овие зборови кога ќе дојде редот за прием на Македонија во ЕУ, што со други зборови значи дека Бугарија ќе не блокира ако не почнеме и јавно да пропагираме дека Илинден е бугарско востание.

По овие зборови, следеше подолга објава на Заев на ФБ за бугарско-македонското пријателство и за заедничкото чествување на празниците, во рамки на која се и зборовите за тоа дека политичарите понекогаш прават „грешки", но дека тоа е од невнимание.

По ова јасно е и каков ќе биде исходот од т.н. преговори меѓу бугарската и македонската комисија за македонската историја.

Поврзани

Најнови вести

Коментари