Блиц: Борјан Јовановски и Сашо Орданоски добиле пари од државата за филмски проекти (ВИДЕО)

Два скандали поврзани со трошењето на јавните пари се откриваат во шестата епизода на емисијата „Блиц" на ТВ Алфа, која се емитуваше синоќа во 22:00 часот.

Компанијата „Евро Вижн", каде сопственици се новинарите Борјан Јовановски, Мери Јордановска и Сашка Цветковска добила 5 милиони и 200.000 денари, односно 85.000 евра, од агенцијата за филм.

Јовановски, во изјава за „Блиц", со смеење одбива да одговори на прашањето колку пари ќе земе од сметката на граѓаните?

Пари од Агенцијата за филм која ја води Горјан Тозија, добила и компанија која го има ангажирано Сашо Орданоски како главен сценарист. За овој проект ќе се потрошат над 8 милиони денари или околу 130.000 евра.

Со новинарот Цветин Чилиманов, во емисијата се дискутира на прашањето: Дали се корумираат ли новинарите со овие филмски проекти?

Извор: Лидер

Поврзани

Најнови вести

Коментари