Ахмети: Се роди нов ден, со црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по изгласувањето на уставните имени преку соопштение им се заблагодари на сите граѓани, на секој гласач, на секој активист, што ја делегирале нивната верба токму во нив за да предводат, и да одлучат.

„Им изразувам благодарност и на сите соработници и содејци, но и на владеачките партнери, заедно со пратениците на опозицијата кои што ни се придружија во овој тежок пат, но одлучен и прав правец.

Денес се роди нов ден, со јасна и црвста евроатлантска перспектива, не само за Македонија, туку за целиот регион. Ние се залагавме долго за да дојдеме до овој ден, потиснувавме многу други очекувања, не адресиравме цели потреби, оставивме на страна многу барања, само и само да се дојде до овој ден што става точка на еден скоро три децениски спор кој што не држеше во заложништво.

Но ова не е крајот, ова е само почетокот.

Во јануари 2019 година се одбележува 100 годишнината од почетокот на Париската Мировна Конференција која што претставуваше обид да и се стави крај на Првата Светска Војна и тогашниот светски поредок. Оваа конференција, никогаш вистински не ја оконча Првата Светска Војна и не не научи како се гради мирот затоа што војните и конфликтите продолжија за цел еден век потоа. Последиците од Парис 1919 ги осеќаме и ден денес, посебно во Југоисточна Европа, но уште по нагласени се кај малите народи над кои неправедно се делуваше.

Вчера, на 11 јануари 2019 година, 81 пратеник на Собранието на Република Македонија го започнаа завршетокот на Париската Мировна Конференција.

Ова е крај на конфликтите, на недоразбирањата, на нејаснотиите, на непредвидливоста, ова е почеток на крајот на Париските последици од 1919 година“, се вели во писмената порака на лидерот на ДУИ, Али Ахмети по изгласувањето на уставните измени.

Тој исто така изрази и длабока почит кон како што напиша, „пријателите во Брисел, Вашингтон, Берлин, Париз, Лондон, Рим, Виена и на сите земји сојузници од евро-американската заедница затоа што овој пат го изодевме заедно, оваа висина ја искачивме рамо до рамо до самиот врв“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари