48 нови волонтери ќе дадат заклетва пред американскиот амбасадор во Македонија

Четириесет и осум волонтери на Мировниот корпус ќе дадат официјална заклетва пред американскиот амбасадор Џес Бејли. Новите волонтери ќе се приклучат на групата која брои повеќе од 750 волонтери, коишто досега служеле во Македонија. Ова е дваесет и третата група волонтери што ќе живеат и работат во Македонија, од отворањето на канцеларијата во Македонија во 1996 година.

Настанот ќе се одржи во City Hall во Скопје. Меѓу поканетите гости ќе бидат министри и претставници на партнерските организации. Медиумите се поканети да присуствуваат.
Овој свечен настан ќе го одбележи успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура. По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Македонија. Тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини, како и дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари