Зошто слободните жени „паѓаат“ на зафатени мажи?

Дали некогаш сте се заљубиле во зафатен маж? Стручните лица тврдат дека оженетите мажи го имаат „тоа нешто", што често ги прави попривлечни од слободните мажи. Нормално, не се работи само за физичкиот изглед, туку и за специфични особини поради кои жените иако знаат дека тоа не е исправно, често „паѓаат" на мажи што се веќе во брак или во сериозна врска со некоја друга жена.

Еве што најчесто е пресудно..

1. Спремни се за сериозна врска
Слободните жени што се во потрага по сериозна врска, а постојано наидуваат на куп несериозни фраери за една ноќ, зафатените мажи им делуваат попривлечно бидејќи биле спремни да се врзат за една жена до крајот на животот.

2. Прифаќаат одговорност

Иако бракот не подазбира потреба и одговорност, статистиката е на страната на мажите што го кажале „судбоносното да". Многу истражувања потврдуваат дека поголемиот број на зафатени мажи се вработени и многу се одговорни кога е во прашање семејството. Иако не е секогаш таков случајот, оваа карактеристика им е многу позитивна и привлечна на жените.

3. Не се плашат да ги искажат чувствата
Не е лесно да најдете маж што ќе биде многу искрен и отворен со вас и што нема да му биде проблем да ги искаже своите вистински емоции. Но жените често имаат впечаток дека луѓето во брак не кријат ништо еден од друг, дури ни своите емоции, па зафатените мажи посебно ги прифаќаат.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари