Станувало збор за кутија вредна 93 долари, полна со храна за домашни миленици.
Откако не пронашла трага од крадецот, решила да ја прегледа снимката од безбедносната камера, а потоа следел необичен пресврт.
Пакетот го искинал без проблем
Жена планирала да ја врати храната во компанијата „Чеви“, а потоа се нашла во сериозна неволја. Надевајќи се дека ќе го идентификува крадецот, ја погледнала снимката, но наместо човек, видела - ракун!
Малото животно го искинало пакетот без проблем, јадело вечера, а потоа исчезнало во темнината, објавува UPI.com.
Сопственичката на куќата открива дека ракунот се вратил на верандата следната вечер, душкајќи ја корпата за ѓубре, веројатно надевајќи се дека повторно ќе најде храна.
Ракунот не е единствениот крадец
Жената, не можела да го врати пакетот. Сепак, компанијата „Чеви“ имала разбирање и ја платила целата сума за претходно купената храна.
Сличен случај бил забележан минатата година во Тексас, кога опосум зеде кутија со колачиња од прагот на една куќа.
Потоа полицијата објави видео од необичниот крзнен крадец, што предизвика хумористични коментари од корисниците на социјалните мрежи.