(Видео) Заталкан лос „ужинаше“ во болница на Алјаска

Огромен лос залута вчера во зградата на болницата во Енкориџ, најголемиот град во Алјаска, и веднаш штом влезе ја намириса „ужината” – декоративни растенија во фоајето, додека пациентите и вработените со страв и чудење го гледаа огромното животно.

Видеото покажува како лосот го грицка зеленото растение во близина на влезот, а потоа гледа во правецот на камерата, известува АП.

По краткото двоумење, заскитаното животно полека излезе низ отворената врата.

„Лосот влезе во болницата низ вратата која беше ширум отворена за да не се заглави поради екстремниот студ во Енкориџ“, кажа портпаролката на медицинската установа, Кјерстин Ластуфка.

Според неа, животното го привлекле растенијата во топлото фоаје , кое ги скршило околу десет минути.

За време на својата кратка „посета”, лосот не повреди никого ниту направи голем проблем, освен што „ужинаше”.

„Тоа беше прилично тивка посета”, заклучи Ластуфка.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари