(Видео) Во Австрија кражба каква што не се памети – разбојникот не дошол по пари, туку по нешто вкусно

Во виенскиот округ Јозефштат во саботата на 15. декември изведен е грабеж каков што жителите на таа област не паметат.

Надзорните камери во ресторан за донер регистрирале упад на маскиран арамија.

Додека работникот во ресторанот бил во задната просторија, разбојникот влегол во објектот и со себе понел интересен плен.

Како што може да се види од снимката, него не го интересирале парите во касата, туку однапред бил подготвен за да го спакува големиот ражен со телешко месо.

Сопственикот на ресторанот во социјалните мрежи ја објави снимката од оваа кражба со духовит коментар:

„Знаеме дека нашиот донер е вкусен, но зошто го украде целиот ражен? Ова е за нас како грабеж на банка!“.

Засега не е познато дали крадецот е уапсен.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари