(Видео) Тајландските момчиња го запознаа својот идол – Златан Ибрахимовиќ

Момчињата кои беа спасени од пештерата во Тајланд останаа без текст кога го сретнаа својот идол Златан Ибрахимовиќ во телевизиското „Елен шоу”.

Елен Деџенерис разговараше со момчињата кој е нивниот фудбалски идол и кога рекле дека тоа е Златан, таа го покани да излезе, на што момчињата останаа без збор.

За 12-те момчиња кои беа заробени во една пештера, Ибрахимовиќ рече дека се најдобар тим во светот.

Како потсетување, момчињата беа заробени во една пештера во Тајланд на 23 јуни оваа година, а мисијата за спасување заврши на 10 јули, и сите од нив успешно ја напуштија пештерата и го фасцинираа светот со нивната храброст.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари