(Видео) Главниот град на Литванија се прогласи за „Г-точка“ на Европа

Промотивната кампања за главниот град на Литванија, Вилнус, предизвика дискусии поради нејзината сексуална експлицитност, но нема сомневање дека му даде популарност на овој европски град.

Кампањата всушност се состои од постери со слика на која е прикажана жена во врвот на сексуалното задоволство, на посетела на која е исцртана мапата на Европа, при што девојката во рака ја држи токму Литванија.

„Вилнус, Г-точката на Европа. Никој не знае каде е, но кога ќе го најдеш, чувството е неверојатно“, е слоганот на кампањата.

Рекламата за главниот град на Литванија ги подели мислењата во јавноста, само неколку недели пред закажаното септемвриско доаѓање на папата во Вилнус.

Литванската католичка црква веќе изрази загриженост поради туристичката кампања која ја користи женската сексуалност, тврдејќи дека истата ќе создаде погрешна слика за Вилнус, град во кој живеат 540 000 луѓе.

Литванската влада побара од туристичките организации да го одложат почетокот на кампањата додека папата не замине.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари