Уште едно лице почина во автомобил на Tesla, возилото целосно изгоре

Несреќата во која животот го загуби 48-годишен возач од Германија се случи на автопат во Швајцарија и е само една во низата на сообраќајќи кои се случија во последните неколку недели, во кои учествуваа автомобили на компанијата Tesla.

Германски државјанин со својот Tesla автомобил удри во заштитната ограда на автопат во Швајцарија, а возилото потоа целосно се запали и потполно изгоре, а возачот почина.

Швајцарски пожарникари пренесуваат дека пожарот најверојатно го предизвикале погонските батерии, кои се оштетиле од јачината на ударот и потоа се запалиле.

После несреќата, се огласи и портпаролот на Tesla, кој изрази длабоко жалење поради оваа несреќа и додаде дека компанијата работи на утврдување на сите факти и им нуди полна соработка на локалните власти.

Најновата несреќа е една од неколкуте сообраќајни незгоди кои се случија во последно време, а во кои учествуваа Tesla автомобили и кои се уште се под истрага.

Во петокот, во американската сојузна држава Јута, Model S на Tesla удри во камион на противпожарна служба при брзина од околу 100 километри на час, при што возачот се здоби со повреда на нозете, а засега не е утврдено дали возилото се наоѓало во автономен режим на возење во моментот на несреќата.

Првиот човек на компанијата, Елон Маск, на социјалните мрежи ги критикуваше медиумите поради сензационалистичкото известување во врска со овој случај.

Од друга страна, Американскиот совет за безбедност на сообраќај, истражува уште две трагични несреќи во кои учествуваа автомобили на Tesla.

Поврзани

Најнови вести

Коментари