ТОДОР викендов ќе дивее - невреме му се заканува на целиот Балкан!

За време на овој викенд циклонот ТОДОР ќе влијае на времето речиси на целиот Балкански Полуостров и речиси во сите земји од истиот ќе условува нестабилно време претежно од пладневните часови па натаму кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да услови локални поројни поплави, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Кај нас во Македонија особено понестабилно ќе биде во недела кога на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а не се исклучува локално да има и нешто поинтензивни атмосферски процеси проследени со електрични празнења и ретка појава на град.

Граѓаните ги предупредуваме доколку се појават електрични празнења да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрва додека вочарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари