Тинејџерка од Калифорнија замесила колачиња со пепелта од покојната баба

Тинејџерка од Калифорнија замесила колачиња со пепелта на покојната баба, па со ваквите бизарни слатки ги почестила другарите од одделението. Полицијата во моментов го испитува инцидентот.

Американските медиуми пишуваат дека случајот во полиција го пријавил еден од учениците кој дошол со родителите и ја раскажал приказната за ужасните колачиња.

„Таа девојка оди низ училиштето и им кажува на сите дека донела колачиња со човечка пепел“, кажал тој.

Момчето објаснило дека сфатило оти девојката била сериозна кога директорот на училиштето и професорите го прашале дали јадел од колачите, по што го натерале да потпише изјава и да вети дека нема да зборува за проблемот со никого.

„Ова е чуден инцидент. Не сум слушнал дека некој се разболел или дека колчињата на некој начин влијаеле врз здравјето не тие што ги пробале“ , вели полицаецот Пол Доросов.

Иследниците не се сигурни дали воопшто постои криминал и како би можеле да го обвинат девојчето.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари