Старски дом во Велика Британија ангажира голи батлери

Сопствениците на еден старски дом во Велика Британија одлучија да ги развеселат своите штитенички и да организираат вечера за време на која ќе ги служат голи батлери.

За „Мирор“ открија дека на ова ги поттикнала желбата на нивната 89-годишна станарка Џоан Корп.

Gepostet von Milton Lodge Retirement Home am Montag, 15. Oktober 2018

„Кога и да ја прашавме што сака, таа велеше: маж. Затоа ние не се изненадивме кога посака вакво нешто. Зборувавме и со другите штитенички и сите ја поддржаа. Батлерите ги најдовме преку интернет и им објаснивме како треба да се однесуваат. За малку безопасен флерт, не е важно колку години имаш”, рече Клер Мартин, координатор на активностите во домот.

Gepostet von Milton Lodge Retirement Home am Montag, 15. Oktober 2018

На вечерата имаше 23 луѓе, од кои 11 беа штитенички на домот, а старите дами ги поканија и своите ќерки и внуци.

Голите батлери кои имаа само престилка и вратоврска околу вратот им послужија вечера од три дела, а потоа им понудија релаксирачка масажа.

Gepostet von Milton Lodge Retirement Home am Montag, 15. Oktober 2018

Најстарата станарка на домот, 99-годишната Дол Џенкинс, била толку одушевена од голите батлери што ги повикала да се вратат следната година за прославата на нејзиниот 100-ти роденден.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари