Со колку мажи жена спиела за да можеш да кажеш дека е лесна?

Дали за една жена може да се каже дека е "лесна" ако спиела со пет, десет, петнаесет или повеќе љубовници? Ако се прашува посилниот пол, ним навистина не им е сеедно колку биле.

Отсекогаш женската девственост е на цена, но со доаѓањето на сексуалната револуција и зајакнувањето на родовата рамноправност работите многу се променија, па повеќе никој не очекува дека девојката невина ќе влезе во брак. Сепак, не е се така розово.

Поразувачки е тоа што ни ден-денес околу 95% од жените кои спиеле со повеќе од 20 мажи не можат да најдат сопруг. Затоа, во современото време се наметнува ново-старото прашање: Колку всушност сме се уште старомодни, конзервативни и полни со предрасуди?

Неодамнешна студија во Канада покажала дека една третина од 7.656 мажи ја сметаат жената за промискуитетна ако спиела со 20 или повеќе партнери, додека 41 процент повлекуваат граница веќе кај бројот 10. Затоа, многу жени се принудени да лажат за вистинскиот број на партнери и сексуалното искуство кое го стекнале, само за да не ги прогласат дека се вакви или такви.

Сексуалниот терапевт Логан Левков смета дека против овие предрасуди треба да се бориме и дека бројот на љубовници не ја одредува жената како личност. Тој наведува дека важноста на бројот почнала да му се придава во осумдесеттите години од минатиот век, бидејќи тогаш започнувале трендовите на "слободна љубов".

Во тогашно време бројката 20 била навистина висока, но денес дури може да се смета и за просечна со оглед на тоа што браковите и врските понекогаш траат многу кратко, а границата на години за стапување во брак е се поголема. Од друга страна, мажите својот број го лажираат и велат дека спиеле со двојно повеќе жени отколку што реално спиеле", вели Левков и додава:

Во сексот не постои нормално, односно граници кои се секогаш прифатливи за поширокото општество. Затоа мислам дека не би требало да се заморуваме со бројки, поради ограничувањата кои наметнуваат некакви социјални стандарди. Културата на општеството е таква што своите несигурности луѓето ги хранат низ исправно однесување зададено од општествените норми, а тоа може да доведе до непотребни непријатности и предрасуди кон жените кога станува збор за бројот на љубовници кои ги имале", истакнува терапевтот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари