Снимката со поштарот што танцува – хит на социјалните мрежи

Еден доставувач на пратки во Соединетите Американски Држави ја забележал камерата за надгледување на вратата, па  одлучил да направи мало шоу, а снимката стана хит на социјалните мрежи.

Откако ги остави пакетите, поштарот од Индијана почна да танцува, а неговите движења предизвикаа насмевки.

Бетани Аут изјави за КУТВ дека добила известување на мобилниот телефон дека некој е на вратата. Таа го отворила известувањето и го видела поштарот како танцува. „Знаев дека морам да го споделам видеото. Тоа ни донесе насмевка на нашето лице за време на овој стресен дел од годината”, рече таа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари