Снимка која што го згрози светот (ВИДЕО 18+)

Снимката на која што може да се види како една тинејџерка ја турка својата другарка од мост со експресна брзина се прошири на интернет и ги шокираше корисниците на социјалните мрежи ширум светот.

На снимката може да се види како девојката стои на работ од мостот и поради големата висина се двоуми дали да скокне во водата. Станува збор за мост над реката Луис во градот Јаколт во американската сојузна држава Вашингтон.

Иако нејзиното друштво ја охрабруваше да скокне, таа очигледно беше исплашена и се двоумеше, се додека наместо нејзе, одлучи нејзината другарка. Таа ја турна од мостот со висина од 18 метри.

Како последица на падот, девојчето заработило неколку скршеници на ребрата и повеќе рани на телото и моментално се наоѓа во болница.

Другарката која што ја турнала набрзо била идентификувана, а засега не е објавено нејзиното име во медиумите. Мајката на несреќната девојка која што беше турната пред болницата, за тамошните медиуми изјавила дека нејзината ќерка долго ќе се опоравува од повредите.

„Мислам дека девојката која што го стори ова треба добро да размисли за последиците кои што можеле да се случат. Ова не е во ред, таа можеше да ја убие мојата ќерка", изјави мајката на повреденото девојче, пренесуваат американските медиуми.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари