Слика од 860.000 фунти се самоуништи пред очите на сопственикот

Банкси, уметник со непознат идентитет, со своите сатирични дела често изразува незадоволство, како што вели, од суровиот капиталистички систем во кој живееме.

Неговата слика „Девојката со балон” се самоуништи откако на аукција во Лондон за неа беа лицитирани 860.000 фунти.

View this post on Instagram

Going, going, gone…

A post shared by Banksy (@banksy) on

Посетителите на аукцијата не можеа да дојдат при себе кога сликата, веднаш по продажбата, излезе од рамката исечена на парчиња.

Според „Фајненшал тајмс”, уметникот го уништил своето дело ставајќи механизам за сечење хартија во долниот дел од дрвената рамка.

Иако, по правило, во случај на оштетување на уметничките дела пред напуштањето на аукциската куќа се откажува аукцијата, аукционерите на Сотби веќе дискутираат дали сечењето на слика е всушност добра работа.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари