Син на милијардер го покажа луксузот во кој живее

Шеснаесетгодишниот син на градежниот магнат од Обединетите Арапски Емирати ги пушти камерите во мегалуксузната семејна куќа во Дубаи.

Рашед Саиф Белхас, кој е следен од повеќе од 1,5 милион луѓе на „Инстаграм“, живее со своето семејство на толку голем имот што користи електрични голф автомобили за да се движи наоколу.

Имотот на кој живее со семејството вклучува приватна зоолошка градина, полна со егзотични животни, која ја посетуваат ѕвездите од А-листата – според кои ги нарекол некои од животните (лавот Версаче, тигрицата Мараја Кери, орангутанот Диор, шимпанзата Армани и Џеки Чен, жирафите Берт и Ерни …).

Рашед, познат по прекарот „Мани Кикс“, исто така е сопственик на огромна колекција патики во вредност од околу еден милион долари.

Минатата година тој се појави на насловните страници кога за роденден доби нов „ферари“, кој не можеше да го вози, но го украси со отпечатоци Луј Витон.

Рашед се фали со својот луксузен стил на социјалните мрежи, каде што стана голема ѕвезда, а на Инстаграм се пофали со награда за најдобар млад инфлуенсер во 2017 година.

Вратите на неговиот дом Белхас биле отворени претходно, а многумина ја нарекуваат куќата најскапа во Дубаи.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари