Селин Дион изненади со новата љубов, кој е познат актер

Две години по смртта на сопругот Рене Анџели, пејачката Селин Дион повторно сака, пишува „Холивуд лајф“.

Имено, нејзината нова љубов е Расел Кроу, што многумина ги изненади.

„Тие се среќаваат често во последните неколку недели, и иако нивната врска е на почеток, сепак имаат впечаток како да се познаваат со години – вели изворот близок до пејачката и актерот. Расел е голем обожавател на музиката на неговата нова избраничка, и како што пишува „Холивуд лајф“, Селин одамна му се допаѓа. И двајцата неодамна поминаа низ тежок емотивен период во кој се поддржуваа еден со друг и токму тоа ги поврза.

Расел неодамна се разведе од неговата поранешна сопруга Даниел Спенсер и тоа беше болен период за него. Пејачката и актерот досега немаат дадено никаков коментар за нивната врска.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари