Сексолог објаснува: Дали големината е важна?

Во одреден дел од животот скоро секој маж ја мери должината на пенисот како гаранција дека со него сѐ е во ред.

Повeќетo мажи целиот свој живот ќе ја паметат точната должина на својот пенис.

Истражувањата исто така покажуваат дека мажите во разговорите со своите врсници си додаваат сантиметар или два на својот пенис.

„Хмм...не знам, некаде помеѓу 16 и 18 сантиметри...", а во гаќите всушност имаат 15 сантиметри. Но, и тоа е повеќе од просекот. Просечната должина на пенис во ерекција е од 12,9 до 14,5 сантиметри, додека просечната должина на машкиот полов орган во нормална, „спуштена" состојба изнесува 8,5 сантиметри.

Дали е големината навистина важна? На некои жени им е, а на други не. Сексологот Линдзи Доу на нејзиниот YouTube канал Sexplanations обработува теми поврзани со сексот, па така во оваа епизода објаснува сѐ во врска со тоа дали големината на пенисот е важна?

Поврзани

Најнови вести

Коментари