Седум трикови за жените со облини: Есенски комбинации кои визуелно ја издолжуваат фигурата

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седум трикови за жените со облини: Есенски комбинации кои визуелно ја издолжуваат фигурата

Есента е идеално време да си поиграте со слоевите, кроевите и текстурите, особено ако сакате да ги нагласите вашите облини и да изгледате повитко. Модата за жените со облини никогаш не била поинтересна, а со неколку трикови секоја комбинација може да изгледа како од модна писта.

„Плус сајз“ модата не е криењето, туку во славењето на облините. Со вистинските кроеви, бои и став, оваа есен ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично, токму како Ешли Греeм, која е симбол на самодовербата и доказ дека стилот нема величина.

Ова се седум сигурни совети за беспрекорен стил оваа есен.

Долг, струкиран капут

Избирајте долги и струкирани капути со јасно обликувани рамења и потемни нијанси. Таквите модели создаваат вертикални линии кои визуелно ја издолжуваат фигурата и го прикриваат стомакот и колковите. Носете ги раскопчани, така ќе ја сочувате вертикалната линија и ќе постигнете лежерен, елегантен изглед.

Една боја

Комбинациите во една боја, особено кога долниот дел е потемен, даваат впечаток на складна издолжена фигура. Монохроматскиот изглед го брише преодот помеѓу горниот и долниот дел од телото и прави да изгледате послаби.

Истакнете го струкот

Фустаните и капутите со појас или крој кој благо ја следи линијата на телото секогаш се добар избор. Појасот поставете го во најдолниот дел од половината, тоа создава баланс помеѓу градите и колковите, нагласувајќи ги пропорциите.

Слоеви, но со мерка!

Есента е создадена за облека во слоеви, но важен е балансот. Искомбинирајте едно впечатливо парче, како плетен џемпер со некој мазен материјал, на пример, кожено здолниште или панталони.

Така добивате добитна комбинација, но без да создадете дополнителен волумен.

Совршен крој на панталони

Панталоните со висок струк и прави ногавици визуелно ги издолжуваат нозете и ја прават фигурата поскладна. Избегнувајте премногу тесни фармерки кои ја сечат линијата на телото во колковите. Избирајте модели кои убаво паѓаат од половината до глуждовите.

Принтови

Големите и расфрлани мотиви може визуелно да ја прошират фигурата, па избирајте ситни или вертикални дезени. Ако сакате впечатливи шари, нека бидат само на еден дел од телото, на пример, на блузата, додека останатиот дел од гардеробата треба да биде во еднобојни тонови.

Ставот и долната облека

Со исправено држење, добра долна облека (градник и мидер) секоја комбинација изгледа подобро. Квалитетниот градник и мидер ја обликуваат фигурата и ви даваат дополнителна самодоверба, а тоа секогаш се гледа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата