Се појавија мистериозни сигнали од вселената, астрономите истражуваат од каде доаѓаат

Астрономите објавија студија за мистериозни сигнали кои доаѓаат од вселената, забележани со телескоп во Канада. Точното потекло на овие радиобранови сè уште не е познато.

Меѓу 13-те интервали на брзи радиобранови (FRB, fast radio bursts) се повторуваше еден необичен сигнал кој доаѓаше од истиот извор, од нас оддалечен околу 1,5 милијарда светлосни години.
Таков феномен, повторуваат од FRB, беше забележан само еднаш во минатото, и тоа во 2015 година беше забележан со телескоп во Порторико.

„Сега кога забележавме уште еден FRB, можеме да претпоставиме дека има повеќе во универзумот”, рече астрофизичарката Ингрид Старс од Универзитетот Британска Колумбија (UBC).

„А со повеќе повторувања и извори што можеме да ги проучуваме, можеби ќе можеме да ја решиме оваа космичка мистерија – како доаѓаат сигналите и што ги предизвикува”, додаде таа.

Телескопот CHIME кој се наоѓа во долината Оканаган во Британска Колумбија се состои од четири полуцилиндрични антени. Секоја е долга 100 метри и со нив секој ден може да се проучува дури и целото северно небесно подрачје.

Научното истражување за појавата на овие мистериозни сигнали е објавено во списанието „Нејчр“.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари