Само Љубиша Самарџиќ ова му го рекол на Аркан во лице: Избила голема кавга

Ражнатовиќ бил алфа и омега во српскиот фудбал крајот на деведесетите

Фудбалскиот клуб Обилиќ, некогашен личен проект на Жељко Ражнатовиќ Аркан, пред дваесет години освоил единствена титула и тоа првак на Југославија во фудбал. Малку е познто дека тогаш избила кавга помеѓу Аркан и тогашниотпретседател на собрзанието на ОФК Белград, познатиот глумец Љубиша Самарџиќ.
Познатиот глумец за тоа раскажал во една тв емисија ...

- Бев изненаден дека утакмицата ќе биде наместена. Тоа се случи 1998 година кога Обилиќ беше државен првак. Се сеќавам како денеска, на судијата нема да му го споменувам името, свири пенал за кој нема причина, пред нивниот гол. Судијата постојано свири за Обилиќ. Во 15. минута тие даваат гол. Утаккмицата заврши 1:0...

Како што раскажал, тој веднаш тргнал на Аркан: "Слушај Аркан, ти зборуваш за витештво?! Каде ти е витештвото? Мислиш дека така се победува – со пенал кој не постои. Тоа така не се прави, совеста ќе те гризе поради ова".

Аркан го погледнал, се присетува Љубиша, го погледал во лице и му рекол: "Еве ти рака, имаш право. Вака не се победува".

Тука започнала претставата на Аркан. Телефонски му дал отказ на тренерот Окуки, го казнил со 3.000 марки, играчите добиле идентична казна.

- Другиот ден сите медиуми пишувале што направил Аркан, но Обилиќ сепак стана првак таа година – раскажал Љубиша Самарџиќ.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари