Еден од вработените го снимил моментот кога Мајкл Ли Мареј (35) со автомобил влетал низ излогот на салонот каде што купувал претходно истиот ден, пренесува Newsweek.
Локалната полиција соопшти дека Мареј купил нов Subaru Outback, а подоцна побарал да го врати, со рефундирање. Но, вработените одговориле дека тоа е невозможно, според купопродажниот договор.
„Мареј рече дека ќе влета низ влезната врата. Излегол, влегол во автомобилот и влетал внатре. Инцидентот се случил во понеделникот, околу 16 часот“, соопштија надлежните.
The man had purchased a Subaru Outback from the dealership earlier that morning. When he later called to return the car, his request was denied, as the vehicle was sold “as is.” Frustrated, he threatened to crash the car into the dealership if they refused to take it back. pic.twitter.com/jBdv4dyQxK
— Content with Context (@githii) December 10, 2024
Во извештајот се наведува дека скршено стакло иамло насекаде низ продавницата, а металната рамка од влезната врата оштетила уште едно возило во салонот.
Штетата била проценета на 10.000 долари, а Мареј бил приведен и осомничен за повеќе кривични дела.