Рами Малек објасни како дојде до непријатната сцена со Кидман

„Морам да признаам дека ова видео го гледам првпат“, ја коментираше актерот Рами Малек (37), според мислењето на многумина, „најнепријатната сцена” на доделувањето на наградата „Златен глобус”. Гостувајќи во шоуто на Џими Кимел, тој се осврна на снимката со Никол Кидман (51), која стана хит на социјалните мрежи.

Откако Малек ја освои златната статуа во категоријата најдобра машка улога, неговиот филм „Боемска рапсодија” исто така ја освои наградата „Златен глобус“ за најдобар филм.

Наградата за најдобар филм му ја додели австралиската актерка, а корисничка на Твитер ја „фати” непријатната сцена од нивната средба. По прогласувањето на најдобриот филм, продуцентите останаа на сцената за да разговараат со актерката, а Малек се обиде да им се придружи.

Тој не успеа да го стори тоа бидејќи актерката целосно го игнорираше, а Малек само патем успеа лесно да ја потапка по грбот. Тој му објасни на американскиот водител како воопшто дошло до таа непријатна сцена.

„Одамна ја познавам, иако според оваа снимка тоа не изгледа така. Затоа едноставно си помислив дека би можел да отидам и да ја поздравам. Но, испадна дека е подобро да не го сторев тоа. Беше многу непријатно, имам чувство дека ова ќе ме прогонува засекогаш на интернет“, рече Малек.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари