Рачен часовник продаден за 3,88 милиони долари

На аукција во лондонскиот Сотби во вторникот беше продаден рачен часовник од брендот Патек Филип, направен во 1952 година, по цена од 3,88 милиони долари, со што се постави светски рекорд кога станува збор за цената.

Часовникот е траен календар и хронограф, единствениот од овој тип со потпис на познатата лондонска продавница за накит Аспреј, а купен е во 1956 година, четири години по неговото создавање.

На аукцијата на Сотби беа понудени уште 250 рачни часовници од брендовите Картие, Ролекс, Вашерон Константин и други.

Инаку, часовникот го купи млада Азијатка облечена во искинати фармерки која седела во последниот ред на салата на Сотби.

За време на аукцијата, таа зборувала на кинески со мобилен телефон што значи дека од другата страна всушност бил вистинскиот купувач.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари