Работното време ѝ поминува на гробишта: Македонка со успешна бизнис-приказна

Сите знаеме дека ќе дојде тој повик – оној кога ќе ни јават дека некој наш близок починал, но никогаш не сме подготвени за него. Но, понекогаш таквиот повик може да ви го промени животот.

Вака започнува приказната за Елизабета Планиниќ, Македонката која 20 години живее во Хрватска. Нејзината мајка починала ненадејно и тоа ѝ го променило животот. И тогаш од една тажна приказна, длабока емоција и голема болка се родила една среќна приказна и една убава и хумана работа – чувар на сеќавањата.

Елизабета го основала првиот и единствен сервис за одржување гробови, па за оние што не се во можност (бидејќи живеат во друга држава, бидејќи се немоќни...) ќе го исчисти гробот на нивните блиски, ќе однесе свежо цвеќе и ќе запали свеќа во знак на сеќавање. Таа знаела колку тоа им е важно на луѓето бидејќи и самата се нашла во ситуација да не може редовно да оди на гробот на мајка си.

Нејзината приказна е прилично инспиративна и ако за некоја работа може да се каже дека е добра, тогаш тоа е нејзината. Освен поради иновативноста и фактот дека еден ден сите ќе умреме, бизнис-моделот всушност е фантастичен: иницијалните вложувања се мали, речиси и никакви, трошоците не се фиксни, а компанијата од година на година сè повеќе расте.

Елизабета учела за медицински техничар. Меѓутоа, како што вели таа, професијата те одбира тебе, а не ти неа, па така таа денес е успешен претприемач. Само што не можела ни да претпостави дека смртта на мајка ѝ ќе ја одведе во претприемништво. Тоа е тој повик за кој зборуваме, кој ја менува насоката на животот.

Целата сторија за Елизабета прочитајте ја на „Јутарњи лист"

Поврзани

Најнови вести

Коментари