Прашање кое одлучува дали ќе ја добиете работата – Како да поминете дури и кога не го знаете одговорот

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прашање кое одлучува дали ќе ја добиете работата – Како да поминете дури и кога не го знаете одговорот

Повеќето кандидати поминуваат часови за да се подготват за интервјуто за работа – ја проучуваат компанијата, ги вежбаат одговорите на типичните прашања обидувајќи се да остават најдобар впечаток. Сепак, секогаш постои шанса да ги дочека неочекувано прашање и да ги исфрли од рамнотежа. Токму една таква тактика опиша еден работодавец на Редит, откривајќи метод, кој, како што тврди, помага во препознавањето на интересот за работа кај кандидатите.

Во дискусија на Редит под името „Менаџери, имате ли скриени тестови за кандидатите?“, овој шеф објаснил дека во текот на интервјуто поставува сè потешки и посложени прашања за да дојде до моментот кога кандидатот повеќе не го знае одговорот. Токму таа реакција, кога лицето ќе признае дека не знае, како и начинот на кој се справува со притисокот е пресудна за тој да го избере идеалниот кандидат.

Неговата објава повторно стана вирална и предизвика бројни коментари и расправи.

Некогаш поминував интервјуа за работа, со кои, во основа, интернетот беше преплавен. Во еден момент на интервјуто се поставуваа сè понапредни прашања додека не дојдат до нешто што не го знаат – рекол тој.

Но, клучниот дел од тестот следи дури после тоа.

Потоа би им го објаснил тоа. Ако таа нова работа би им се чинела навистина интересна, тогаш тоа беше голем плус. Тоа покажуваше дека работата навистина ги интересира, а не само платата – појаснил.

Неговиот метод доби поддршка од бројни корисници, а многумина се јавија со сопствени искуства. Еден корисник раскажа како добил работа за која реално немал квалификации – и тоа само затоа што покажал искрена љубопитност и спремност да учи.

Неодамна добив работа за која не бев квалификуван однесувајќи се вака. Бев потполно искрен во врска со моите квалификации, веднаш кажував кога нешто не знаев, а потоа, се обидував логички да се пробијам низ тоа, или само прашував. Бев искрено заинтересиран и всушност, подоцна слушнав дека би ме вработиле, сметајќи дека многу брзо би можел да се справам со работата – напишал.

Уште еден менаџер потврдил дека користи сличен метод.

И јас така ги правам сите технички интервјуа. Поставувам општи прашања, наоѓам нешто што не знаат, им објаснувам, а потоа ги терам да го применат тоа на друго прашање. Никогаш не може да очекувате некој да знае сè, но способноста за брзо учење е многу подобра од „познавањето сè“ – истакнал тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата