Посвоената ќерка на Владе Дивац јавно кажа колку е среќна во семејството

Владе Дивац и неговото семејство поминуваат поголем дел од годината во Америка, и бидејќи тие во моментов престојуваат на овој континент, вчера го прославија Денот на благодарноста.

Владе Дивац и неговата сопруга Снежана имаат три деца – синовите Матија и Лука и ќерката Петра, која ја посвоија кога беше шестмесечно бебе.

Петра сподели фотографија од прославата на Денот на благодарноста, истакнувајќи колку ја прават среќна овие семејни моменти.

Пред неколку години таа креираше свој блог во кој пишува за себеси, за членовите на семејството, за усвојувањето, за школувањето и за тоа како го гледа светот од нејзина перспектива. Сепак, таа не крие дека покрај позитивните коментари се наоѓаат и оние кои го осудуваат блогирањето како вид професија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари