ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Утрово пролетни температури, попладне голема промена на времето!

Пролетни температури ќе имаме во текот на денешниот ден кога максималните дневни температури ќе се движат околу 10 степени во Скопје до 17 во јужните делови од Македонија додека утринските ќе бидат околу нулата.

Во вторник веќе истите ќе се движат во интервалот од -2 до 6 степени, додека веќе од среда во утринските часови температурите ќе се спуштаат и под -10 степени на некои места во Македонија.

Студен бран ќе стигне во нашата држава денеска доцна попладне и навечер и ќе влијае на времето. Во текот на ноќта кон вторник, како и во вторник наутро ќе услови врнежи од дожд и снег на планините. Ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен правец кој понекаде ќе има удари од над 70 км/час, токму ова ќе услови нагло заладување на времето па така најпрвин на повисоките места а во текот на ноќта кон вторник почнувајќи од северните предели, и на некои пониски места ќе има врнежи од снег.

Поврзани

Најнови вести

Коментари