Целосно нов систем на конзолата за игри

По долго чекање, најава за Sony PS5!

Новата конзола за игри PlayStation 5 веќе е успешно креирана и наскоро ќе се најде во официјална продажба, објави новинарот Маркус Селарс, еден од најупатените новинари во развојот на видеоигрите.

Според него, јапонската компанија веќе го завршила развојот на новите игри за уредот и сега почнува со дистрибуција на прототипови, т.н. dev-kits за најголемата играчка конзола. Тоа практично значи дека се создаваат и конкретни игри за новиот PlayStation 5.

За техничката опременост на новиот set-top box засега нема конкретни информации, но знаеме дека Sony го градеше PlayStation 5 делеку од очите на крајните корисници. Се претпоставува дека корпорацијата Sony планира да ја претстави и објави новата конзола за игри на Е3 (Electronic Entertainment Expo 2018) кој ќе почне на 12 јуни.

Податоци за перформанси, цена, компатабилност со стари игри засега нема. Единствено се на распогање проценките дека ќе има врвна Samsung DDR6 меморија, дека ќе биде повеќе од 70% побрза машина од претходниот 4 Про модел и дека е спорна компатибилноста на игрите од ПС 4 со новиот модел.

Поврзани

Најнови вести

Коментари