Петра Еклстоун ужива по разводот во прегратка на бизнисмен

Минатогодишниот развод од милијардер Џејмс Стунт (36) многу ја погоди Петра Еклстоун (30), но во 2018 година ќерката на Славица (60) и Берни Еклстоун (88) повторно ја пронајде среќата. Богатата наследничка и бизнисменот Сем Палмер се во врска скоро една година, а помладата сестра Еклстоун фотографите ја фатија во Беверли Хилс, како оди на романтична вечера со новото момче, пренесува Дејли мејл.

Палмер е електричар по струка и се занимава со продажба на половни луксузни автомобили. Петра се запознала со Сем преку нејзиниот зет, бизнисмен Џеј Рутленд (36).

Петра се одлучи за крем издание со скапоцена „биркин“ чанта. Нејзината сестра Тамара Еклстоун (34) исто така ги обожава познатите чанти, кои имаат улога на еден вид статусен симбол, а се именувани по Џејн Биркин (72), пејачка и актерка и поранешен модел.

View this post on Instagram

Girls just wanna have fun

A post shared by Tamara Ecclestone Rutland (@tamaraecclestoneofficial) on

Покрај ексклузивните чанти, сестрите ја делат страста за добра забава, па неодамна 30-тиот роденден на Петра го прославија заедно, на тематска забава во духот на 80-тите години на минатиот век.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари