Пет недели по породувањето, холивудската актерка блесна во фустаните на Мајкл Корс

Пет недели по раѓањето на ќерката Рани Роуз со музичарот Дани Фуџикава, 39-годишната актерка Кејт Хадсон се појави во јавноста на настан во Лос Анџелес по повод новата улога во Светската програма за храна на Обединетите нации.

На Кејт Хадсон, која се породи на 2 октомври, и се приклучија познатиот американски дизајнер Мајкл Корс и актерката Натали Моралес, која беше модератор на споменатиот настан.

Првиот работен настан за Кејт Хадсон следуваше за помалку од една недела откако беше назначена за амбасадорка на добра волја, како дел од Светската програма за храна на Обединетите нации. Оваа хуманитарна организација со седиште во Рим обезбедува храна за повеќе од 90 милиони луѓе во 80 земји.

Разговорот на Кејт Хадсон и американскиот дизајнер Мајкл Корс на свечената вечера не сакаа да го пропуштат бројни холивудски ѕвезди и колеги на 39-годишната актерка, а на споменатиот настан, Кејт заблеска во два фустана на познатиот американски дизајнер.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари