Пари летаа од блиндирано возило, на патот настана хаос

Во четвртокот за време на најголемиот сообраќаен метеж од блиндирано возило почнале да летаат банкноти, а луѓето почнале да ги собираат, но нивната среќа беше краткотрајна – полицијата побара сите пари да бидат вратени, а за возврат вети дека нема да ги гони оние што ги задржале.

Полицијата на Ист Рутерфорд изјави дека нешто по осум часот наутро во четвртокот ги добиле првите повици за парите што летале од блиндирано возило и несреќите што се случиле кога возачите ги напуштиле своите автомобили ловејќи ги парите.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледа блиндирано возило Бринкс на патот 15 милји од градот Њујорк и луѓето кои трчаат меѓу возилата фаќајќи ги парите.

„Тоа е многу опасно, сите собираат пари таму”, рече една жена во видео објавено на Твитер.

Полицијата на Ист Рутерфорд објави дека дел од парите биле вратени во вечерните часови, но не објавиле колку, како ни колку вкупно пари одлетале.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари