Од следната година Оскарите воведуваат нова категорија

Во обид да ја зголеми гледаноста на преносот на доделувањето на Оскарите, американската Академија за филмски уметности и науки внесе неколку измени.

На состанокот на Одборот на гувернерите, на кој повторно е избран Џон Бејли за претседател, беше одлучено да се воведе и категорија за најпопуларен филм, како и преносот да се ограничи на три часа. Академијата, исто така, попушти пред притисокот на телевизијата Еј-би-си, која ги има правата за пренос во живо во САД – за што на Академијата и плаќа околу 75 милиони долари годишно, според договорот до 2028 – а која беше загрижена за падот на глеаноста од година во година.

Одборот на гувернери одлучи оние што се помалку секси, занаетски категории (како што се, на пример, монтажа и микс на звук) да се доделуваат во текот на реклами и потоа да се монтираат во пренос во скратена верзија. Сè уште не е одлучено за кои точно категории станува збор. За критериумите за номинација во категоријата популарен филм, во Академијата допрва треба да се дискутира.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари