Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

2.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ново Мексико е првата американска држава, каде ќе има бесплатна грижа за децата

Според новата програма, семејствата можат да добијат владини ваучери за да помогнат во покривањето на трошоците за грижа за децата, без разлика дали се во јавни или приватни институции, објави Ројтерс.

Мерката е кулминација на напорите на владата на Ново Мексико од создавањето на Одделот за образование и грижа за деца во раното детство во 2019 година.

Овој потег доаѓа во време кога другите држави и градови предводени од демократите разгледуваат слични мерки популарни кај работничките семејства.

Конектикат неодамна воведе закон со кој бесплатната грижа за децата ќе им биде достапна на семејствата што заработуваат помалку од 100.000 долари годишно, додека за оние со повисоки приходи, износот ќе биде ограничен на максимум 7 проценти од вкупниот приход.

Кандидатот за градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, исто така предложи универзална грижа за децата што нема да се наплаќа.

За да ја спроведат најновата мерка, властите на Ново Мексико ќе мора да вработат уште 5.000 едукатори и да отворат уште 14.000 установи за деца, соопшти локалната самоуправа, која ја водат демократите.

Американската држава ќе создаде фонд од 12,7 милиони долари за изградба и проширување на установи за деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата