НЕВЕРОЈАТНА ИСПОВЕД: Девојче се сеќава на своите претходни животи (ВИДЕО)

Од три години Џои Верви на своето семејство му раскажувала приказни на кои се сеќава од своите предходни реинкарнации. Приказните биле толку необични и содржеле детали кои што не би можела да ги измисли.

Џои во својот прв живот, пред околу 200 милиони години била пештерски прачовек. Се сеќава како ја ловел диносаурус и како во својата пештера оставила алати изработени од камен и коски. Џои Верви ги однела истражувачите до низа пештери во Јужна Африка кои никогаш ги нема посетено.

Тоа се оние пештери каде што Роберт Блум ја открил врската помеѓу мајмуните и луѓето -  Australopithecus Africanus.

Два пати живеела како роб во Египет и многу прецизно се присеќа на условите во ропските продови и древните техники за пополочување на патиштата.

Има и други, помалку прецизни сеќавања од други временски периоди како на пример се присеќа дека носела тежок вел и се видела себеси како принцеза која била превезувана со слон.

Исто така се сеќава на одредени делови од својот живот кога била прогонуван христијанин за време на тиранското владеење на царот Нерон во првиот век и верува дека можеби го сретнала Свети Петар.

На почетокот на 1900 - те живеела во Јужна Африка и била внука на тогашниот претседател Пол Кругер, а подоцна имала двајца сопрузи и десет деца.

При проверка на нејзините нејзините тврдења, истражувачите утврдиле дека тие луѓе навистина живееле и откриле дека едно од нејзините деца се уште е жив и дека таа е жена во деведесеттите години.

Како петгодишно девојче, Џои се сретнала со оваа постара жена и веднаш ја потсетила на нејзината мајка па затоа двете знаеле долго време да разговараат за нивниот минат семеен живот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари