НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ( 14.05-21.05)

Овен

Постојат неочекувани проблеми кои ви го нарушуваат секојдневниот ритам, но со дополнителна упорност може да ги остварите своите професионални планови. Потребно е да пронајдете заобиколни решенија и да го одржите потребното ниво на соработка. Не дозволувајте некој да ве залажува со погрешни информации, важно е да ја избегнувате брзоплетоста и импулсивните реакции.

Бик

Се однесувате загрижено поради новите информации на професионалната сцена, но тоа е минлива фаза. Голема доза на психолошко оптеретување може да се забележи и кај вашите соработници, потребно е да ја оправдате својата улога без натпреварувачки аспирации и потреба за професионално експонирање. Важно е да се раководите согласно долгорочните цели на професионална летвица. Мудро премолчувајте одредени случувања или интригантни теми, кои имаат лошо влијание на вашиот однос со саканиот

Близнаци

Од вас се очекува да прифатите некој нов работен предизвик или да преземете важна улога во некој заеднички договор. Имате доволно енергија, но добро размислете за своите приоритети кои ќе ги поставите. Важно е да осмислете професионална или работна стратегија која ќе ви овозможи да се ангажирате на различни страни. Се се сведува на добрата професионална проценка и успешно планирање. Чувствувате емотивен занес и не го криете своето воодушевување во друштво на саканиот.

Рак

Нема причина да прифатите некоја работна понуда која делува предизвикувачки и ветува само моментален успех. Бидете доволно промислени при службените средби, бидејќи со желбата да пронајдете идеално решние непотребно се оптеретувате со различни детали. Од вашето залагање и дипломатскиот такт зависат конечните резултати. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности.

Лав

Идеите на кои инсистирате имаат добро покритие, со тоа никој од соработниците не се сомнева во вашите практични способности или во успешните финансиски резултати. Потрудете се успешно да ги спроведете своите идеи и планови во дело. Важно е покрај себе да имате личност од доверба или тим од проверени соработници, за кои ве врзуваат заеднички работни интереси. Осмислете добар редослед на потези.

Девица

Очекувате некој да ги прифати вашите идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Потребни ви се разновидни дипломатски манири и компромисни варијанти, како успешна формула која донесува корисно и долгорочно решение. Во зависност од личното интересирање или мотивација, осмислете варијанта која донесува најдобри резултати. Во љубовниот однос уживате во различни ситуации.

Вага

Се наоѓате во фаза на креативен подем и сакате да ја унапредите својата професионална положба. Поради променливите околности имате големи амбиции или нескромни очекувања. Забележителен успех е невозможно да се оствари без детална анализа, добри подготовки и презицни информации кои ве доведуваат во привелигирана положба. Важно е да ги испочитувате сите основни начела на успешното работење. Искрените чувства и најубавиот дел од својата личност ги „должите" на некоај блиска личност или на оние на кои „припаѓате".

Скорпија

Понекогаш различните промени и новите услови делуваат како дополнителна мотивација во работата со која се занимавате, важно е правилно да се организирате и да ги испочитувате зададените рокови. Контактирајте ги соработниците кои имаат сигурни информации за нови случувања на работната сцена, пожелно е да ги проширите своите сознанија од различни области. Нема потреба да донесувате брзоплети одлуки.

Стрелец

Комплетната ситуација на работната сцена треба да ја проценувате од различни апсекти, пред да донесете заклучок и конечна одлука за идните потези. Дејствувате многу поттикнувачки на својата околина, но кај вашите соработници постојат значајни разлики во степенот на мотивација и интересирање. Нема потреба да ја потцените нечија улога при службено-финансиското посредување. Во љубовниот живот посакувате некои нови и весели случувања.

Јарец

Вложувате голем напор да остварите позитивни резултати во професионалното изразување, но постојат ситуации кои ви ги нарушуваат вашите планови и професионална концепција. Со достоинствен стил и без премногу прашања прифатете ја критиката која ви ја упатуваат блиските соработници. Потребно е да се растеретите од дополнителни обврски, немате доволно енергија да се ангажирате на повеќе страни.

Водолија

Се однесувате енергично на средбите со соработниците и поставувањето на нови барања, со кои сакате да го унапредите своето професионално искуство и заеднички успех. Не дозволувате можност за изненадни промени во службените преговори. Сепак со претераното истакнување на личните барања ќе пробудите различни коментари меѓу соработниците. Потребно е да имате „широки погледи" во секоја ситуација.

Риби

Ќе се однесувате многу амбициозно и ќе се обидувате да го проценити исходот во сите значајни ситуации на професионалната сцена. На соработниците им е важно да го слушнат вашето мислење, но употребете ги своите професионални манири и дискреција, бидејќи постојат работи за кои не треба јавно да се расправа. Важно е да се определите за посовремена варијанта која овозможува напредување на професионалната скала. Потрудете се да го сочувате добриот однос и доверба.

Поврзани

Најнови вести

Коментари