Научници смислија систем за комуникација со вонземјани (ФОТО)

Истражувачи од Институтот за технлогија од Масачусец смислија необичен метод со кој на евентуалните вонземнски цивилизации би можеле да им го откриеме нашето присуство, но и да испратиме одредени пораки.

Тимот научници, кој е предводен од Џејмс Кларк од овој институт соопшти дека би било можно да се користи ласер за да се направи „космички светилник". Тој би можел да го привлече вниманието на вонземјаните, дури на одалеченост од 20.000 светлосни години.

Новото откритие, објавено во магазинот Астрофизички журнал, покажува дека комбинацијата на посилни лазери од два мегавати, кои би биле емитувани низ масовниот телескоп, со големина од 30 до 45 метри, и ги впери кон вселената, би можело да биде „мамец".

Со оваа техника, инфрацрвената радијација би била доволно силна за еден интелигентен вид вонземјани да го разликува од светлина од сонце.

-Еднаш кога ќе стапиме во контакт со вонземјани, би можеле да го користиме ласерскиот зрак за пренесување кратки пораки, велат истражувачите.

-Ако успешно почнеме да комуницираме би можеле преку Морзеовата азбука да испраќаме пораки а тие би можеле да стигнат за неколку години, вели авторот на студијата, Кларк.
Сепак, ваквата врста на комуникација би можела да биде успешна само ако некој во вселената би можел да толкува пораките.

Тимот научници откри дека системот би можел да се креира со помош на постоечката технологија и инструменти кои наскоро би можеле да се развијат.

-Ова би бил извонреден проект, но не и невозможен, истакна Кларк.

Сепак, иако самиот проект наиде на добри реакции кај луѓето, ваквата ласерска технологија би можела да биде погубна по нивното здравје.

Поврзани

Најнови вести

Коментари